Уапсен возачот кој во Чаир прегази дете и побегна, а детето е на интензивна нега

Фото: МВР

Лишен од слобода возачот кој денеска попладне со возило во скопски Чаир удри во дете и избега

-Денеска (29.12.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(65) поради сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. Имено, денеска во 14:50 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на крстосница на ул.”Џон Кенеди”, ул.”Максут Садик” и ул.”Македонска бригада” патничко возило “голф” со скопски регистарски таблички удрило во дете пешак. Веднаш по пријавата полициски службеници пристигнаа на местото на настанот при што е констатирано дека лицето кое управувало со возилото го оставило возилото и се оддалечило од местото на настанот. По преземени оперативно тактички мерки лицето е пронајдено во непосредна близина и истото лишено од слобода, информираат од МВР и додаваат:

-Повреденото дете поради сериозноста на повредите со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Клинички центар “Мајка Тереза” за укажување на помош каде му се констатирани тешки телесни повреди и истото е задржано на интензивна нега. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ