СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.И.(73) од с.Камењане, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги” и „злоупотреба на службена положба и овластување”.
-Во периодот од 2000 до 02.01.2021, додека бил директор на земјоделска задруга во с.Камењане, без законска основа и одлука од членовите било извршено незаконско бришење на основачи – акционери, при што бројот на членовите од 38 бил незаконски намален на пет лица со уништување и прикривање на документи, спротивно на тоа што стоело во тековната состојба од Централен регистар. Исто така, на 03.01.2010 во својство на директор, пријавениот склучил договор за закуп на деловен простор со површина од 1500 метри квадратни во с.Камењане, кое е доделено на трајно користење на земјоделската задруга, со другиот акционер за закуп во период од 10 години, без да има согласност од соодветно министерство, одлука на Управен одбор и согласност на другите задругари, а од 2021 со усмен договор го користел без да плати закупнина, односно само ги подмирувал сметководителските давачки на земјоделската задруга каде и сега е сопственик, информираат од МВР.





