За Албанија само преку Дебар или Свети Наум, повеќе од 24 часа целосен прекин сообраќајот на „Ќафасан“

Фото: МВР

Повеќе од 24 часа во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот. 

Портпаролот на СВР Охрид за МИА информира дека на терен се преземаат мерки, но поради технички причини сеуште не е отстранета цистерната од коловозната лента. 

Патниците кон Албанија се пренасочуваат на граничниот премин Свети Наум кај Охрид или Блато кај Дебар. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ