(Видео) Пиротехника запали бар во Швајцарија, околу 40 мртви и над 100 повредени

Фото: Јутјуб

Голем трагедија го погоди швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, кога пожар во популарен бар уби околу 40 лица, а околу стотина беа повредени. Според потврдени информации, пожарот избувнал синоќа околу 1:30 часот по полноќ, а се сомнева дека е предизвикан од пиротехнички средства.

Еден од сведоците, 19-годишниот Мелко, раскажал како пиротехничките средства поставени на шишињата со пијалоци го запалиле таванот на барот, што се совпаѓа со исказите на други очевидци, пишува Н1. Пожарот се проширил со неверојатна брзина, предизвикувајќи паника кај стотици посетители во подрумскиот дел од барот.
Според сведоштвата, пламенот го зафатил таванот за само неколку секунди, по што дошло до стампедо кон излезот. Бидејќи главниот дел од барот се наоѓа во подрумот, до кој се стигнува преку скали, евакуацијата била тешка. Официјалната истрага за причината за пожарот сè уште е во тек.


Домарот на соседната зграда и неговата сопруга ги примиле евакуираните станари. „Нè разбудија вресоци. Луѓето врескаа, видовме црн чад, мирисаше ужасно. Брзата помош и пожарникарите пристигнаа многу брзо. Станарите од зградата излегоа во паника, се плашеа дека пожарот ќе се прошири. Многумина дојдоа кај нас, им направивме кафе и останавме со нив до четири часот наутро“, ја опиша тој шокантната ноќ, пренесува индекс.хр.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ