Заминувањето на Мадуро било „договорено“, тврди опозицијата во Венецуела

Министерот за одбрана на Венецуела, Владимир Падрино, изјави дека неговата земја ќе се спротивстави на присуството на странски трупи во земјата.

Неговата изјава дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американските сили нападнале цели во Венецуела и дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга се заробени и изнесени од земјата.

Падрино рече дека венецуелските власти сега собираат информации за тоа дали имало загинати или повредени во американските напади врз Венецуела.

Според Давид Смолански, портпарол на венецуелската опозициска фигура Марија Корина Мачадо, која е и добитничка на Нобелова награда за мир, американските сили нападнале најмалку две воени бази во Каракас и пристаништето и комуникацискиот центар во главниот град за време на нивната полноќна операција. Меѓу целите на нападите биле воената база Фуерте Тиуна, воениот аеродром Ла Карлота во Каракас, комуникацискиот центар Ел Вулкан и пристаништето Ла Гваира на карипскиот брег.

Извори од венецуелската опозиција, за „Скај њуз“ изјавиле дека ова било „договорено заминување“ на Мадуро од власт, без да дадат подетално објаснување.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ