Луѓето идеа со парите во џеб и купува апартмани во Грција, вели Коста Костадиновски во Стадион на Канал77

Што се акции? Што се берзи? Подобро е да штедите или да инвестирте во акции? Што се докапитализации? На овие и н многу други пршања денес одговорија гостите во емисијата Стадион на Канал 77, мегу кои беше и Коста Костадиновски од Капитал ссет.

-Јас почнав со пари од мајка ми. Мајка ми ми даде пари и ми рече: „Синко, кога ти дале да управуваш со Пензиски фонд еве ти управувај со моите“. Тоа беа сериозни пари, над 30.000 евра и во тој бум тие пари станаа половина милион евра. Инаку, покрај тие пари, имав мои приватни, имав неколку илјади евра и земав кредит од банка. Па со колегите си бевме жиранти меѓу себе и земавме по 5.000 евра и купивме акции. И ние немавме многу информации и знаења, но имавме добри групции зад нас и имаше од кого да научиме. Се вложувавме и во обука. Првите акции ми беа од Комерцијална и од Охридска банка. Направија добар ефект, рече тој и додаде: -Кај нас вложувањата на акции на странски пазари беа ограничени, до некаде 2018 година. Откако влеговме во НАТО. Исто беше и со купување на недвижности. Луѓето идеа со парите во џеб и купува апартмани во Грција. Тогаш така се купува, не можеше да се трансферираат преку банкарска сметка. Исто беше и со акциите, рече Костадиновски.

Погледнете го целото интеврју во видеото:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ