Необично, но актерот Дејан Лилиќ беше гостин во емисијата Стадион на Канал77, кој зборуваше за вложување во акции и тргување на берза.
Знаат ли актерите да работат со парите?
– Уште 2005 година се знам со Биљана, со Коста се запознав подоцна. Знам дека мнението за актерите дека не знаеме со финансии е некако општа тема, но не е така. Многу зависи какви интереси има човекот. Татко ми е војно лице но, тоа не влијаело за финансиите. Дисциплина да, но… Има примери на деца на војни лица каде дисциплината не влијаела. Нема правило. Мене отсекогаш ме интересирале финансиите, зашто сум знаел дека се потребно, но дека многу внимателно треба да се раководи со нив, рече тој и додаде:
-Ние имавме друг систем на уредување каде немаше акции и берзи, туку наши родители штеделе во банки. Никогаш не сум одел во ризици со финансии. Знаев во светот како се реализирале. Имав пријатели од странство, кои вложуваат во акции и си ја обезбедуваат иднината. Но, 2005 година се запознав со Биљана, а јас добив информација од пријател и како флеш бек ми се враќаат информациите од пријателите во странство. Од 2005 година сум во оваа приказна. Не сум купувал акции бидејќи не сум знаел. Првите акции ми се купени од Коста и Биљана, ти раководеа со моето порфолио, рече Лилиќ.
Погледнете го целото интервју во видето:








