Скопјанка прегазила пешак во Волково, полицијата ја привела

Фото: МВР

Полициски службеници привеле 40-годишна жена по сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопското село Волково, во која животот го загубил еден пешак.

Како што се посочува во билтенот од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила синоќа околу 20:55 часот на улицата „100“. Четириесетгодишната М. С. од Скопје, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, удрила во пешакот Г. И. (60), исто така жител на селото Волково.

Од Министерството посочуваат дека од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди, од кои починал на самото место. Лекар од екипата на Итната медицинска помош, која пристигнала на местото, констатирал смрт.

Полициски службеници од СВР Скопје, во текот на ноќта во 00:45 часот ја лишиле од слобода М. С.

– Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава по член 300 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ