По операција на двата тестиси газдата на „Дурмо турс“ конечно се пријави во „Идризово“, треба да лежи 10 години

Газдата на компанијата „Дурмо турс“ Дурмиш Белули денеска се пријави во затворот „Идризово“ за да почне да ја одлежува затворската казна од 10 години за страотната сообраќајна несреќа кај Ласкарци по превртувањето на негов неисправен автобус. Тогаш загинаа 16 патници, над 30 беа повредени. Директорот на „Идризово“ Зоран Јовановски потврди за СДК.МК дека Белули е в затвор.

На 1 декември 2025, Белули кој требаше да тој ден влезе в затвор, доби уште едно во бесконечната серија одложувања на затворската казна, зашто што тогаш требало ќе го оперира вториот тестис, откако првата операција на кила на тестис ја правел во октомври 2025. Извршувањето на казната беше одложено до 17 декември 2025.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ