Косовската новинска агенција „Косовапрес“ објави дека поранешниот вицепремиер на Македонија, Артан Груби, кој е на потерница на македонските власти, вчера попладне бил виден во Приштина.
Груби, како што сведочи извор на Косовапрес, носел зимска јакна, спортска облека и шапка, а го сменил и имиџот со тоа што имал брада.
По Груби се трага од декември 2024 година и е ставен на црната листа на Соединетите Американски Држави. Медиумот тврди дека Груби се преселил во област недалеку од центарот на главниот град на Косово, а таму бил виден со две деца.
Инаку, покрај Груби, македонската полиција сè уште го бара и поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, додека и поранешниот директор на ЕМВ, Васко Ковачевски, останува недостапен за обвинителството.
На 16 декември 2024 година, откако Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага против Груби за сериозни злоупотреби со тендери во „Државна лотарија“, се дозна дека тој ја напуштил земјата. До денес нема официјални информации за неговото местоположба. Во меѓувреме, за Бајрам, неговиот адвокат негираше дека е во бегство, туку дека „едноставно се иселил од земјата“.
Извор: Косовапрес




