Се преселија во Бангладеж и на Далечниот Исток- Македонскиот текстил ја изгуби конкурентската способност

 Македонската текстилна индустрија ја изгуби својата конкурентска способност во однос на земјите од Далечниот Исток. Очекуваме потешка година за овој сектор, е оценката на Ангел Димитров од Организација на работодавачите, а воедно и менаџер на текстилна фабрика во Свети Николе. Димитров посочува дека странските партнери, поради ниските трошоци, своето производство го имаат префрлено во Бангладеш и други земји во Далечниот Исток, а во нашата земја останаа да ги работат само помалите и брзи налози, односно нарачки.

– Не остана европски бренд што не замина во Виетнам, Бангладеш или Мјанмар. Сите поголеми налози се шијат таму, каде што платата е 150 долари и се многу поевтини од нас, иако продуктивноста на македонските работници е повисока за 30 отсто, но платите им се повисоки за 300 проценти – изјави Димитров.

Тој додаде дека е потребна помош од страна на државата за текстилнта индустрија. Свесни се дека државата не може да помогне во делот на субвенционирањето на придонесите на работниците, но како барање до Владата и на Економскиот-социјалниот совет ќе биде презентирано повторно да се врати пазарот на девизи.

– Евентуално би помогнало некое мало решение кога би се пуштил пазарот на девизи во Македонија за ние сами да си ги продаваме девизите, а не банките да ни ги земаат по некој званичен курс, со што заработуваат од продажбата на девизите. Такво решение имаше пред десеттина-петнаесет години, не знам зошто се укина, посочи Димитров.

Тој истакна дека и понатаму се бележи пад на бројот на вработени во текстилната и кожарската индустрија, каде што според негови проценки останаа да работат околу 20.000 работници. 

МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ