Шефот на иранското правосудство Големхосен Мохсени-Ежеи најави брзи судења на притворените ирански демонстранти.
– Ако сакаме да завршиме некоја работа, тоа треба да го направиме сега. Ако сакаме нешто да направиме, тоа мора брзо да го сториме, истакна Мохсени-Ежеи.
#BREAKING | ईरान में आज प्रदर्शनकारी को फांसी देने की तैयारी, 26 साल के इरफान को दी जाएगी फांसी @romanaisarkhan | https://t.co/smwhXUROiK#IranProtests #IranianRevolution2026 #Iran #IranMassacre pic.twitter.com/iyvXrGamw2
— ABP News (@ABPNews) January 14, 2026
Според него судењата на демонстрантите треба да се јавни.
Главниот обвинител на Иран, Мохамад Мовахеди Азад претходно најави дека демонстрантите ќе бидат обвинети како непријатели на Бог, за што согласно иранските закони предвидена е смртна казна.







