Во ДПИ 40 нови инспектори, на терен ќе контролираат кој не ги почитува законите

 Државниот пазарен инспекторат ќе биде зајакнат со 40 нови инспектори, кои треба да го поминат периодот на обука и кон средината на годината активно да се вклучат на терен.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека на терен се потребни инспектори што ќе ја вршат контролата над сите трговски друштва со цел да се утврди кој не ги почитува законите. 

Како што изјави денеска, во Трудовиот инспекторат во моментот има 80-ина инспектори, а во Пазарниот инспекторат – 120. 

– Уште во времето кога овие два инспектората, со измените на законот, го изгубија правото на правен субјект и влегоа во склоп на Министерството за економија, ја известив Владата со барање да имаме повеќе инспектори, особено во Пазарниот инспекторат, бидејќи тие го опфаќаат целиот внатрешен пазар. Во овој Инспекторат треба да има повеќе инспектори за да може да си ја вршат својата работа со отчетност и да имаме поголема контрола на целиот внатрешен пазар и над сите оние што не ги почитуваат законите – изјави денеска Дурмиши, кој присуствуваше на презентација на националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025 – 2030 година.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ