„Даскале, фала ти“ – Солзи и емоции на комеморацијата за Драган Б. Костиќ

„Диско селектор“, „Заборави ако можеш“ и поновата „Кавервил“ се трите незаборавни емисии на легендарниот водител Драган Б. Костиќ, по кои ќе остане запаметен. А не е само тоа, со неговиот дух, пријателство и љубов кон музиката и луѓето испиша многу животни приказни, а дел од нив беа раскажани денес во МКЦ на комеморацијата за  за легендарниот радио и ТВ водител и диџеј.

Драган Костиќ почина по кусо боледување во Скопје на 20 декември 2025. Комеморацијата почна со гласот со кој пораснаа многу генерации од шпиците на легендарните емисии, а сите во салата плачеа кога се слушнаа најавите. 

-Беше вистинска енциклопедија на модрната музика. Со својата харизматичност, богато знаење и префинето чувство за музика во неколку децениската кариера остави неизбришливи траги во македонскиот етер. Неговите емисии ќе останата вечно запаметени како пример за врвен професионализам и страст, пишуваше во писмото кое го испратила претседателката Гордана Силјановска Давкова.

Драган е историј и на групата „Меморија“ а во име на тоа зборуваше Петар Горгиевски-Камиказа.

„Чест ми е што растев во негово време. Ние тројца од „Бон тон“ бевме привилегирани и ги остававме капутите кј него во кабина. Кога пушташе музика во диско ‘Турист’, на Драган Б. Костиќ сите му велеа да го пушти сентишот за танго пред 21.30, за не ни избегаат девојките со кои сакаме да играме. Многу од девојките не ги пуштаа до доцна, па го молевме Драган да го темпира времето за сентиш за да можеме да се додворуваме. Ни ја пушти „Ени“ во 21.05 за да играме танго. Ми блгодрам што постоеше и што бев дел од неговиот живот“, рече музичарот Петар Георгиевски-Камиказа.

Пејачот Дарио, пак, низ солзи рече:

-Во мојата 45-година кариера два пати имам трема. Втор пат во животот сега имам најголема трема. За првпат кога дојде да ме слуша како средношколец со бендот во „“Никола Карев”, кога се тресев од страв и трема.  Кога стоев кај него во кабина во диско Турист, додека тој пушташе музика и го гледав тој убав свет одозгора, целата скопска шминка. Тогаш мислев дека сум на врвот на светот. Сега, кога ќе се навратам, навистина сум бил на врвот на светот.Фала му. Безброј заедни вечери, безброј заеднички летувања, најубавите сендвичи на неговата Иванка по излегувањата, заеднички изгледани Евровизии.Ноќи и ноќи седевме. Драган ни беше идол, учител, другар, па и татко. И да не заборавам, тој во „Турист“ е викна да се запознм со некои женски, ме запозна со мојата сопруга Бојана со која сме 40 години заедно. Фала ти Драган за се.“, рече низ солзи Дарио.

Водителот Антонио Димитриевски уште на почетокот емотивно рече:

„Вчера, се обидов нешто да напишам. Сѐ што ми текна во главата не ставив на хартија. Си ја пуштив снимката од гостувањето на Драган во мојот подкаст и си реков, ќе извадам нешто. Се сетив само на милозвучниот глас и на музиката од моето детство“, рече новинарот Антонио Димитриевски.

„Фала ти даскале“, рече диеј Зоки Бејбе, кој му се поклони на Драган.

„Бев на некој семеен собир кога имав десет години, и одеднаш поради кризата за електрична енергија, снема струја. Нема да го заборавам тој глас кој некој го пушти на транзистор на батерии додека седевме под свеќи и она неговото ‘Диско селектор’. Тогаш мојот живот доби патека, да се биде исто како Драган. Кога имав 13 години, тој ги повика сите кои сакаат да дојдат во Македонското радио, и да видат се прават радиоемисиите. Кога му кажав дека ја имам сингл плочата од ‘Дуран Дуран’ што ја пушти за мене, тој поглед и денес е пред мене. Тој поглед ми го одреди животот. Сите ние кои се занимаваме со оваа работа секогаш сме имале трема пред Драган Б. Костиќ, без оглед дали бил на нашите забави или ги следел нашите емисии“. Драган бил најдобар водител во Македонија на сите времиња, рече Зоки Бејбе.

Докторот на Костиќ, Горан Саневски се простил од него неколку часа пред да почине.

„Кога се случи првиот удар сите бевме под стрес, но Господ кажа да се опорави и да биде дома со своите. Кога се случи вториот удар заминав на интензивна и кога го видов го фатив за рака и му реков: „Матори, изгледа реши да не напуштиш“. Бевме на само и зборувавме за животот, работи кои ќе останат тајна. Сме зборувале за духовноста. Драган никогаш не се плашеше од смрт. Му реков: ‘Стари, кога ќе умреш, појави ми се на сон и кажи ми дали има нешто горе’. Го чекам да си го исполни ветувањето, рече Саневски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ