Во денешното издание на емисијата Стадион гостин е Марјан Забрчанец, медиумски и комуникациски консултант.
Со Столе Наумов, меѓу другите теми, разговараа и за укинувањето на УСАИД и празниот простор кој ваквата одлука го создаде во Македонија и на Западниот Балкан:
„Голем удар е за демократските општества укинувањето на УСАИД. Замена соодветна сеуште нема во тој обем во кој што таа помош стигнуваше порано. За поздравување се напорите на Норвежаните, на дел од Европската унија, меѓутоа особено беа погодени и се погодени секторите коишто се бават со заштита на човекови права, и би рекол, дури и медиумскиот сектор е сериозно погоден од укинувањето на таа помош и на таа програма.“ – вели Забрчанец.
Според него во моментов не постои програма со слична моќ која може да го заземе тој простор, но евидентно е сеуште економското влијание од Кина, кое покрај традиционалната поддршка од ЕУ, се пробива високо:
„Го знаете пристапот на Кина, тоа е мек пристап, којшто повеќе освојува економски, а помалку пропагандно. Не се бават со безобразна манипулативна пропаганда, како тоа што го прават Русите. И би рекол дека поле на интерес им е Западен Балкан, можеби еднакво колку што им е и на европјаните. Да се надеваме дека ова поднебје, овој регион, од таа помош, од тој интерес, може да добие нешто плус. Во време кога руските центри на моќ или проруските центри на моќ, се служат со злонамерни манипулации, со внесување на конфликти во општеството, и во време кога американското влијание како да исчезнува од регионов. Ние од ова време се соочуваме со засилено финансиско влијание од Кина, и сеуште присутно, силно присутно економско влијание од Европската унија. Планот за раст од Европската унија е класично, типично, економско влијание“, подвлекува тој.
Целата емисија Стадион можете да ја проследите на линкот:






