Казна затвор од 7 години и шест месеци заработи Славче Колевски за обидот за убиство од август минатата година, кога 37-годишниот таринчанец по враќањето од Германија со својата сопруга и деца заминал на семеен ручек кај родителите на сопругата во куќа во наслебата Баби, по што избила вербална расправија, па сега осудениот Колевски посегнал по секира и метална шипка со кои им нанел телесни повреди на таткото и братот на сопругата.
„Денеска во Основен суд Штип е објавена пресуда за обвинетиот С.К. за кривично дело „убиство во обид“ од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот закон за двајца оштетени, судот му изрече единствена казна затвор од 7 години и 6 месеци, а воедно му е продолжена мерката притвор до отпочнувањето на издржување на казната затвор“ – стои во денешното соопштение од судот.



