СДСМ: Власта ја изненади снегот во јануари

Криминалната ВМРО ја изненади снегот во јануари. Институциите не функционираат, патиштата и улиците не се исчистени. Фотографиите од колапсот во Скопје и во Македонија покажуваат дека сообраќајот е небезбеден, се посочува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Граѓаните се оставени сами, ама градоначалниците и функционерите од ВМРО тријат раце.
Тендерите за чистење снег се едни од омилените на ВМРО.

Снежните наноси по патиштата се идила за градоначалниците од тендер-коалицијата ВМРО – ЗНАМ, кои уште денес ќе фактурираат илјадници тони сол.

Сепак, тешко е солта да се доброи, па останува да ги бројат парите што ги украдоа од граѓаните.

Нема пари за плати, за пензии, за опрема за чистење. Пари има само за тендери за ортаците на ВМРО и Мицкоски.

Со криминални политики вака ќе изгледа иднината на Македонија – блокирана од сите. Црна точка во Европа.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ