„Падна“ штипски дилер на марихуана

Фото: МВР

Претрес во Штип, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

-На 21.01.2026 во 20:30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода А.И.(25) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ