Пензионерски дом кај Три Чешми, болница, бензински и неколку згради ќе се градат во Штип

Заинтересиран инвеститор побарал од општината Штип, урбанистички да се уреди парцела за изградба на пензионерски дом кај населбата Три Чешми. Во Штип се’ уште е блокирана изградбата на Домот за стари лица, кој со години стои издидан, но не и довршен поради проблеми со градежната дозвола. Приватен нема, а доколку се изгради овој на влезот од Штип, ќе биде првата ваква загрижувачка установа со приватен капитал.

На последната седница на Советот на општината Штип беа донесени две програми за тековната 2026 година во областа на урбанизамот и уредување на градежното земјиште, со кои се планира продажба на 175 парцели државно земјиште за изградба на куќи. Најмногу парцели, кои се очекува да се продаваат на јавно наддавање, се во населбата Баби 6 – 77. Кај филтер станицата меѓу населбите Дузлак и Баби се парцелизирани планирани 38 куќи, 11 во три Чешми и две во населбата Дузлак.

Една зграда е планирана во населбата Автокоманда, додека има и една во центарот зад Саат кулата. Два објекти за планирани зад училиштето „Ванчо Прке“. Има и интерес за парцели за бензински пумпи. Една ќе се гради на излезот од Штип на Булеварот „Гоце Делчев“, друга во населбата „Балканска“. Поголема парцела од 65.567 квадратни метри со неколку различни намени вклучително хотелиерство, угостителство, здравствено – социјална заштита е планирана со подготвен ДУП кај бањата Кежовица.

Проектирани се и две парцели за верски објекти, како и 28 парцели за различни типови на индустриски и стопански објекти. Објектите каде се планирани економски дејности се распоредени во неколку делови на Штип – населбата Баби 6, Плуждино, Три Чешми, Индустриска зона 2.

Како што пишува во Програмата за уредување на градежно земјиште, општината Штип само од оваа програма доколку се реализира, треба да обезбеди приход од 30 милиони денари, додека за администрирање ќе потроши 1,2 милиони денари. Акцентот во домувањето, како што стои во програмата, ќе биде даден на младите брачни двојки.   

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ