Поштарите на протест – доцни платата, а и 300 поштари се хонорарци

Вработените во Македонска Пошта во цела држава денеска ја прекинаа работата во знак на протест поради тоа што не им е исплатена платата. Протестите ќе траат и натаму, или како што кажа Сашо Димитриески, претседател на Синдикатот во Македонски пошти додека не добијат плата. Раководството ќе го информираат дека доколку следната плата не биде исплатена до 15 јануари, веднаш ќе се започне со протест, а не е исклучен и штрајк на сите вработени.

 -Три, четири месеци доцни платата. Вработените се крајно револтирани и затоа што 60% од нив земаат минимална плата, и таа плата не ја земаат редовно. 1.700 вработени чекаат плата. Од нив 300 поштари на кои не им е регулиран статусот,  изјави Димитриески.

На протестот беше и претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов кој кажа дека „нема работа без плата и дека луѓе блиски до раководството на Пошта им се заканувале на вработените да не излегуваат на протест“.

Платата не е единствената причина за протестот. Поштарите се пожалија на работните услови –  работат без без греење, во зграда со покрив со азбест и без други основни услови за работа.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ