Мајката на судијата Ристов примила 400.000 евра од продажба на земјиште за фотоволатици – вели адвокатот на судијата

Фото: Апелација

Нема објаснување зошто биле заѕидани пронајдените 350.000 евра, но адвокатот на судијата Ѓоко Ристов, Звонко Давидовиќ за Слободен печат објаснува дека тоа се пари од продажбата на имот и право за поставување на фотоволтаици. На сметката на мајката на Ристов, биле уплатени 400.000 евра.

Ова е лесно проверлив податок, но зошто се чувале во ѕид? Во меѓувреме, по покренувањето на постапката против судијата, се наметна прашањето дали ќе има преиспитување на одлуките на судијата, кој одлучуваше по повеќе корупциски предмети на поранешното СЈО, вклучително и тие за прислушувањето. Овие предмети или застареа, или имаше пресуди во корист на обвинитетите.

Ристов како судија има постапувано во предметите „Таргет – Тврдина“,(за масовното прислушување), „Трезор„ (за набавката на британска опрема за следење на комуникациите, „ТНТ“, (за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски), предметот „Изгрев“, кој се однесува на злоупотреби со имотот на МПЦ, „Метастаза“, кој се однесува на злоупотреби со инвалидски пензии, „Тотал“, отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство, во кој обвинет беше новинарот Драган Павловиќ – Латас и други.

Како што пишува Фокус цитирајќи го Кривичниот законик, овие предмети нема да бидат вратени на повторно разгледување.

„Во Законот за кривична постапка, член 450 „Повторување на постапката на штета на осудениот“. Членот предвидува само една ситуација кога може да се повтори постапка, а да биде на штета на осудениот: Кривичната постапка во исклучителни случаи може да се повтори на штета на осудениот ако пресудата со која обвинението се одбива е донесена поради стварна ненадлежност на судот, а јавниот обвинител покренал постапка пред надлежен суд и притоа побарал повторување на постапката“, пишува Фокус.

Судијата Ѓоко Ристов се сомничи за делата  „Противправно стекнување и прикривање имот“ и за „Перење пари“. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ