Маж од Камерун, сместен во Прифтниот центар- Визбегово имал лажна француска лична карта која ја набавил за 1.000 евра во Скопје.
-На 25.01.2026 во 18:12 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода П.М.Ф.Б.(29) од Камерун, затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил туѓа француска лична карта, која евидирала како предмет на потрага од Интерпол. По извршената проверка констатирано е дека тој бил регистриран во Прифатниот центар- Визбегово, а изјавил дека француската лична карта ја набавил од едно лице од Скопје за сума од 1000 евра. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.



