Претседателката на транспортната асоцијација „Макам-транс“ Билјана Муратовска денес беше со трнспортерите кои го блокираат граничниот премин Блаце.
ТГаа за медиумите изјави дека:
-Вечер од полноќ ќе се блокираат и влезовите од државата. Ќе се пропуштаат патничките возила, автобусите и доколку се појави превоз на лекови, жива стока, експлозив и муниција, се друго ќе чека додека траат блокадите. Се надевам дека од ЕУ ќе имаат разбирање, не се работи самоз а нас, туку и уште четири држави од Западен Балкан, со кои покажуваме како може да се прекине синџирот не снабдувње. Не е едедноставно сите увозни-извозни фирми д запрат. Нам ни се приклучуваат турските превозници, нема да одат по алтернтивни патишта, ќе чекат додека ние не завршиме, реле Муратовска.
ЕУ од 10 април ќе го почне електронското сметање за престој во Шенген зоната, кое го предизвикува најголемиот проблем на превозниците.
-Се блокира зашто од 10 април ќе почне електронско сметање на времето за престој во Шенген зоната. Тоа се три месеци во шест месеци. Ова правило кога започна да важи пред 17 години се однесуваше само на 5-6 држави од Шенген зоната, во текот на времето се зголемуваа државите членки и сега имаме 29 држави. За 29 држави тоа зачи секое излегување од нашите држави ќе влегуваме во шенген просторот. Професијата професионален возач не е турист, не е мигрант, туку вработен во сопствената држава, тука е регестириано возилото. ЕУ на овој начин сака да не запре да работиме. Кога знаеме дека со секоја држава имаме потпишано билатерални спогоди за превозот кои ни дозволува пристап на нивна територија, имаме либерални превози, сега викаат -„ пу, пу, стоп не важи“, што значи вие имате дозволи ама нема да можете да работите, додадее Муратовски.
На новинарксо прашање то ако ЕУ не регира и по седму дена, таа објасни:
-Економската опрвданост да се вработуваат двајца возачи на едно возила е неопрвдано, треба еден возач три месеци да седи и да прима минимална плата, па другиот и обратно. Тоа не одговара ниту на превозниците, ниту на возачите. Ако имаме спогодби за слободен пазар и движење, зошто на овој начин. Ова е огромна дискриминација во патниот превоз, бидејќи постои регулатива во која ЕУ ги ослободила од броењед енови на престој сите други видови, бродски, железнички и авио превоз. И ние реба да имаме ист третман, кажа Муратовска.
Ако ЕУ остане глува, по седум дена тие нема да продолжат да блокираат, туку едноставно камионите ќе си останат дома паркирани.
-Сега засега нема глс од ЕУ, ова е прв ден. Да се надеваме на најдоброто. Блокдите ги правиме пред време. Поентата не е да го заглавиме сопственото стопанство туку да покажаме што ќе се случи за седум дена, тоа се просечни денови за завршување на еден циклус на превоз. Така да кога ќе се запрат и Турците тука тоа е над милон тони стока која иде навака , што значи сите ќе почувствуваат. Но, ниту ние можеме да блокираме со месеци, ниту да нанесеме штета на населението и ќе се бараат други атернативни рамки. Блокадата не може да трае повеќе, без нас транспортерите продавниците ќе бидат празни. Во април ако не ни одобрат, нема да мора да протестираме, камионите ќе си стојат, рече Муратовска.




