За ФК „Брегалница“ општината Штип одобри 15 милиони денари од Буџетот

За континуирано и непречено работење на ФК „Брегалница“, Советот на општината Штип на денешната седница одобри 15 милиони денари. Овие средства, како што беше образложено, нема да бидат доволни за непречено работење на клубот во текот на целата година, како што беше случај и минатата година, кога се барале средства и од спонзори и донатори.

Одобрените средства се за АД „Брегалница 2008“, каде пред повеќе од половина година како нов акционер беше промовиран турскиот спортски работник Мурат Шамил Шен, но пред крајот на ланската година, општината повторно издвои средства, бидејќи како што беше објавено, остана единствениот акционер. Со тоа објаснување и денеска беше побарано „зелено светло“ за средства од општинскиот Буџет.

 Опозициските советници побараа повеќе објаснувања – зошто се бараат средства за „Брегалница“ и покрај актуелниот повик за спортски клубови и здруженија со кој, исто така ќе се одделуваат средства? Исто така се изнесе и сомневањето дека со ваквиот начин на издвојување на граѓански пари, се настојува да се избегне извештајот за потрошените средства и поднесување на план за работа, како што се бара со јавниот повик за спортски клубови и здруженија.

Секретарот на општината Вишна Шорова – Ангелова одговори дека АД „Брегалница 2008“ има обврска да поднесе извештај по завршувањето на годината,  но не одговори на прашањето колку вкупно пари ќе бидат потребни за тековната 2026 година за функционирање на клубот.

Општината, покрај овие 15 милиони денари, за реализацијата на Програмата за спорт ќе изводи 28,5 милиони денари. Од тоа 24,5 милиони денари се за спортски клубови.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ