Штипското јавно претпријатие Стипион информира дека соларните маркери на пешачките премини кои скоро беа поставени сега не се отстранети од друга причина, туку привремено заради сервисирање:
„Согласно договорот за инсталирање и тековно одржување на хоризонталната светлечка сигнализација, од страна на Економскиот оператор во текот на вчерашниот ден привремено се остранети дел од светлечките сообраќајни елементи со цел нивно сервисирање како финансиска обврска на економскиот оператор.
Во најкраток временски период сите сообраќајни елементи ќе бидат сервисирани, а оштетените заменети и вратени на својата позиција на трошок и обврска на фирмата изведувач без никаква дополнителна финансиска импликација за јавното претпријатие, кое е предвидено и во рамки на договорот меѓу јавното претпријатие и економскиот оператор.“ – стои во реакцијата на ЈП Стипион.




