Утре избегнувајте го центарот на Скопје, посебен сообраќаен режим поради протест

Фото: МВР

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје.

-Утре (31.01.2026), со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“, десно по бул.„ВМРО“, во продолжение по ул.„Васил Главинов“, лево по ул.„Димитрие Чуповски“, во продолжение по ул.„11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје, инфрмираатб од МВР и додаваат:

-Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, се вели во соопштението.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ