Општина Битола ќе додели милион денари за боксерот Ален Рустемовски

Општина Битола ќе додели милион денари за боксерот Ален Рустемовски за реализација на неговите подготовки за учество на Олимписки игри.

Предлогот на градоначалникот Тони Коњановски доаѓа по синоќешната промоција и избор на Рустемовски за „Спортист на годината“ за 2025 година што ја организираше Министерството за спорт и млади.

– Синоќа имавме чест заедно со секретарот на општината Борче Димитровски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски да присуствуваме на манфестацијата „Спортисти на годината 2025“ на која двајца битолчани се закитија со престижно признание. Боксерите од Битола Адријан Рустемовски е прогласен за млад спортист на Македонија, а Ален Рустемовски избран за спортист на годината на Македонија. Со ова уште еднаш Битола покажа и докажа дека е спортски град, а изградбата на боксерската сала е вистинска инвестиција на Општина Битола, истакна Коњановски. 

Општина Битола ќе продолжи и во наредниот период финансиски да го поддржува боксерот Рустемовски. 

-Со еден милион денари од буџетот, Општината ќе ги поддржи неговите подготовки за обезбедување пласман на Олимписките игри, посочија од тамошната локална самоуправа.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ