Стартуваше „Безбеден град”, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од денес (01.02.2026) започнува со функционирање системот „Безбеден град”.  Системот ќе стартува на територија на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10 со што ќе започне со санкционирање на граѓаните кои направиле прекршок детектиран од камерите.

Во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци:

• непрописно паркирање;

• управување со брзина поголема од пропишаната;

• минување на црвено светло;

• управување на возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.

Системот „Безбеден град” е исклучително важна инвестиција во безбедноста на сите граѓани и целата држава, ќе спасува човечки животи, ќе го регулира сообраќајот, а ќе ги санкционира сите оние кои не сакаат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на сопствена штета и штета на другите учесници со сообраќајот. Камерите се поставени на критичните сообраќајни точки каде често се случуваат сообраќајни прекршоци.

МВР апелира до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за подобри, посигурни и побезбедни патишта низ државата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ