СДСМ: Како 5 тона дрога завршиле во Србија преку Македонија?

Во соседна Србија запленета е огромна количина од 5 тони дрога која дошла од Македонија. Косопственик на македонска фирма е меѓу уапсените, се вели во соопшението од СДСМ, кое ви го пренесуваме во целост:

-Ова е огромен скандал за кој мора да им одговорност. Како 5 тона дрога завршиле во Србија преку Македонија а владата молчи? Кој дозволил преку македонската граница да помине огромна количина на дрога? Без поддршка на структури во власта и во македонските институции ова е невозможно да се случи. Кој се е вмешан во овој картелски скандал во Македонија? СДСМ со денови алармира за поврзаноста на криминални структури во Македонија и во Србија.

Се уште нема одговор ниту за сликите на Мицкоски со криминалецот С.З познат како Симе, уапсен во случај со поголема количина дрога, оружје, муниција и голема количина пари.Во судовите во Србија и Црна Гора се цитираат Sky преписки за „шефот Оскар”. САД носат Закон за Западен Балкан со фокус на борбата против корупцијата и криминалот. Македонија го има својот Мадуро.   За ваков картелски скандал мора да има одговорност!

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ