Трамп ќе го тужи водителот на Греми наградите поради клевета

Фото: Х

 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе го тужи водителот на доделувањето на Греми наградите, Тревор Ноа, за кого рече дека изнел невистина дека тој и поранешниот американски претседател Бил Клинтон „поминувале време“ на островот на покојниот осуден сексуален престапник Џефри Епстин.

„Ноа неточно рече за мене дека Доналд Трамп и Бил Клинтон поминувале време на островот на Епстин. Погрешно! Не можам да зборувам во името на Бил, но никогаш не сум бил на островот на Епстин, ниту каде било во близина, и до вечерашната лажна и клеветничка изјава, никогаш не ме обвинувале дека сум бил таму, дури ни медиумите кои инаку објавуваат лажни вести“, рече Трамп во објава на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social).

Тој кажа дека изгледа оти ќе ги испрати своите адвокати „да го тужат овој јаден, патетичен, неталентиран“ водител за „многу пари“.

„Доделувањата на Греми наградите се најлоши, практично не се за гледање! Си-Би-Ес има среќа што ова ѓубре повеќе не им е во етерот. Водителот, Тревор Ноа, кој и да е, е речиси подеднакво лош како Џими Кимел на д

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ