6.000 денари секое утро во Утринско шоу со Христина! 🎙️💥
Секое утро во Утринско шоу со Христина, во два посебни термини – 08:10 и 08:30 часот, во етер вклучуваме два пара кои се подготвени за брза и забавна игра.
Секој пар добива 30 секунди да одговори на нашите прашања. Парот кој во зададеното време ќе даде повеќе точни одговори, ја освојува дневната награда од 6.000 денари.
Играта се игра секој работен ден – од понеделник до петок, а секое утро носи нова шанса за победа и добра забава.
👉 Вклучи се, играј брзо и освои 6.000 денари со Канал 77!







