Во вкупно 73 мејла од објавеното досие на Џефри Епстин се споменува Македонија. Меѓутоа, споменувањето е извештаи, официјални информации и понуди за инвестирање до осудениот педофил. Само еден мејл од споделена новинарска сторија од Блумберг открива за македонската јавност неверојатна и до сега непозната информација – мозоци на починат луѓе од Македонија биле испраќани со авион за научно истражување на научници од Универзитетот Колумбија. Овие научници го истражувале феноменот на самоубиство.
Мејлот е до Ајк Гроф, специјалист за стратешки комуникации и лидер со повеќе од 20 години искуство во тргување. Бил основачки партнер во Tourmaline Partners, LLC, каде што беше и ко-раководител на Global Equity Trading. Во мејлот до Гроф од 5 февруари 2019 година, во новинарско истражување на „Блумберг Бизнисвик“насловен „Лекот стар 50 години кој би можел да ја реши американската криза со самоубиствата“, пишува дека мозоците за истражување стигнувале меѓу другите земји и од Македонија, што биле дел од колекција од 1000 мозоци на луѓе кои извршиле самоубиство и мозоци како контролни примероци.

„Собраа колекција од околу 1.000 човечки мозоци – некои од жртви на самоубиство, другите, контролни мозоци – уредно складирани во замрзнувачи чувани на -112 степени Целзиусови. Малата балканска земја Македонија ги даде најновите мозоци, благодарение на член на факултетот на Колумбија, кој помогна во организирањето. Мозоците од Македонија се замрзнуваат веднаш откако се извадени и се пренесуваат во кутии, со придружба, на далечина од околу 4.700 милји. Мозоците се транспортираат во црни кутии со QR код со големина на кутија за чевли. Внатре се дисецирани делови од розово ткиво во пластични кеси означени со маркери: десна страна, лева страна, датум на собирање“, пишува во мејлот од досието.
Она што уште еднаш ја згрози светската јавност е дека во објавените мејлови се потврди тргновијата со деца, мали девојчиња и момчиња кои биле испраќани на островот на Епстин.
Од регионот Косово и Бугарија се споменуваат како земји за трговија со деца. Во еден од мејловите Епстин пишува за преместување на милион деца како „огромна група“ низ Косово, преку Тајланд, дури имаат и книга што ја напишале за персоналот наречена „Книга со активности за деца од Косово“. Од Бугарија се споменува конкретно име на девојче кои било злоупотребувано, но без детали.






