Од глоби до конфискација: новата реалност за возачите

Актуелните случаи со одземање на возилата од страна на полицијатам што е всушност примена на законот беше повод да погледнеме како до сега се пресудувало за дела од сообраќајот во кои се возело со голема брзина, со употреба на алкохол или опојни дроги, но и други дела казниви со закон.

Во неколку анализирани пресуди за делото „Безобѕирно управување со возило“ на Основниот суд во Штип, може да се заклучи дека судиите се одлучувале за поблаги пресуди и главно досудувале парични глоби и забрана за управување со возило на одреден период. Во новите законски измени предвидено е трајно одземње на возилото, а при повторување на потешки дела и забрана за управување со возило во траење од 10 години.

Во една од пресудите, возач кој управувал возило во населено место, каде е дозволена брзина 50 км/ч, судијата му изрекол казна од 500 евра и забрана за управување на возилото во траење од три месеци. Сто дневни глоби или парична казна од 500 евра е изречена за возач кој е фатен со 2,31 промил алкохол во крвта. Осудениот треба да плати и судски паушал од 3000 денари и вештачењето кои изнесува 2222 денари.

Во друг случај возач со 1,53 промили алкохол добил глоба од 500 евра и полугодишна забрана, како и износите за вештак и судски трошоци. Истата казна е изречена и во пресуда за возач фатен со 2,18 промили алкохол.

Со законските измени, покрај забраната за управување возило од 6 месеци до 10 години, се предвидува и одземње на возилото ако има екстремно брзо возење или доколку се повоторуваат делата од страна на еден возач.  

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ