„Фактурата била пресретната и фалсификувана“ – Велешанка пријавила дека фирмата каде работи била оштетена за 21.111 евра

– Во СВР Велес, 60-годишна велешанка  вчера пријавила дека фирмата каде работи била оштетена за 21.111 евра. Имено, фирмата извршила уплата на средствата по фактура кон деловен партнер, но откако добиле порака на електронската адреса дека уплатата не е реализирана, стапиле во контакт со банката и деловните партнери и утврдиле дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а средствата биле уплатени на друга сметка, информираат попладнево од СВР Велес.

Воедно најавија дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ