Кој македонски државјанин купи „мерцедес“за 650.000 евра?

Возило од марката „мерцедес бенц амг пјур спид“ (Mercedes benz AMG purespeed) бил најскапиот автомобил што бил увезен лани во Македонија, пишува „Блумберг“. Само набавката на возилото без царина изнесува над 650.000 евра (40.159.861,54 денари).

Увезениот примерок е произведен во 2025 година, се наведува во податоците што за потребите на магазинот „Блумберг бизнисвик Адрија“  ги доставила Царинската управа.

Навидум значајна сума, но пониска од таа што била лани платена за најскапиот автомобил увезен во земјава. Сепак, не е сѐ така како што изгледа на прв поглед, се вели во сторијата на „Блумберг“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ