Со само неколку децимали разлика во освоените поени од публиката, по пребројувањето на гласовите, македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ ја подели првата награда со бугарскиот „Made in EU“ на 52-от Меѓународен филмски фестивал во Вирцбург, Германија.
Филмот на Георги М. Унковски, кој ги освојува светските фестивали, покрај првата награда, беше и најгледан филм на фестивалот.
Како што информираа организаторите, „Диџеј Ахмет“ беше најгледан филм на филмскиот фестивал со 328 гледачи во редовната програма, а проекцијата беше распродадена за отворањето на фестивалот.
Наградата на германскиот фестивал е само една од десетината светски награди кои ги освојува овој македонски филм од неговата премиера.



