(Видео) Се судриле камион и БМВ и се запалиле, тешко повреден возач

Во синокешната сообраќајка на влез во Скопје меѓи камион и БМВ се запалиле и двете возила.

-На 10.02.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје- Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(25) од с.Бујковци, скопско и товарно возило „мерцедес” со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од  Љ.Д.(56) с.Брест, штипско, при што двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „бмв”, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје.  Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ