Улиците „Димитрие Чуповски “ и „Даме Груев“ ќе бидат блокирани, посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје

Фото: МВР

Посебен режим на сообраќај во Скопје.

-Денеска (12.02.2026) со почеток од 12.00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Стопанска Комора на Р.С. Македонија на ул.„Димитрие Чуповски “ и ул.„Даме Груев“ и сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ