Заврши еднодневната драма со Артан Груби. Од Блаце, преку Шутка и ОЈО, тој веќе си е дома. Обвинителството одлучи да му определи мерка куќен притвор, бидеќи, како што наведе во соопштението- тој не се чувствувал безбедно.
-По однос на мерките за обезбедување на присуство на второосомничениот во понатамошниот тек на постапката Основното јавно обвинителство Скопје предложи замена на мерката притвор со мерка куќен притвор и одземање на патна исправа, имајќи го во предвид фактот во најголем дел се обезбедени доказите во текот на постапката, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, кои индиции се поткрепени со известувања од надлежните органи. Исто така индициите за загрозената безбедност се однесуваат и на членовите на неговото семејство, се вели во соопштението о ОЈО.
Кој тоа му се заканува на Груби, но и на неговото семејство од ОЈО не кажаа, туку едоставно мерката притвор ја заменија со куќен притвор.

Канал 77 се обиде да добие одговор од Бобан Утковски, директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, каде Груби беше однесен по апсењето на граничниот премин Блаце.
Во врска со констатацијата од ОЈО дека „постојат индиции притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност“, тој за Канал77 рече:
-По процеура е при прво влегување некој да се праша за се, па и за тоа дали се чувствува загрозен. Неговото искажување ми беше малку неодредено, бидејќи конкретно ништо не кажа, никого не посочи. Изјавата му беше некако како „сам против сите и сите против него“. Тоа значеше дополнителна опсервација, бидејки јас не можам ниедна изјава на ниеден штитеник да ја земам само како про форма. Не сакајќи да направам превид, мојата сугестија до службите беше да биде ставен со друго лице, кое е избрано да биде премногу бенигно по сторување на дела и не би можело во ниеден контекст, барем во ниеден момент да не се погреши работата. Груби дали 45 минути беше во келија со другото лице, потоа беше однесен на суд и понатаму веќе се знае, доби куќен притвор. Од суд Груби не се ни врати во Шутка, вели Утковски и додава:
-Безбедноста на сите притвореници е загарантирана со Устав, кои и да се не само за Груби. Не станува збор за еден или двајца, овде има над 300 лица само во притворскиот дел, независно од затворскиот дел. Со кого беше во келија не можам да кажам, но кој и да бил, пак ќе речам, беа заедно во келија едвај 45 минути. Од Обвинитество никој не побара мислење од нас. Безбедноста овде е на прво место, а не е само Шутка притворско одделение, има во Куманово, Гевгелија и Битола, вели Утковски.
В.М.






