(Видео) И тоа се случува – голман погоди со топка галеб во лет, фудбалер почна спасувачка акција

Во турската аматерска фудбалска лига во понеделникот се случи невообичаен инцидент, кога голман ја шутна топката кон соиграчите и при тоа погоди галеб, кој во тој момент леташе ниско. Галебот падна неподвижен на теренот, по што следеше спасувачка мисија. Еден од фудбалер почна со масажа на срцето и успешно му изврши реанимација на паднатиот галеб. По две минути галебот беше вратен во живот.

Инцидентот што се случи во 22-та минута од натпреварот помеѓу Мевланакапи Ѓузелхисар и Истанбул Јурдум стана тема во турските медиуми, кои пишуваат за настанот. Забележувајќи го галебот кој од ударот паднал на земја, капитенот на Истанбул Јурдум, Гани Чатан, веднаш презел акција.

Голманот на тимот, кој го погоди галебот со топка, Мухамет Ујаник изјави дека во прв момент не сфатил дека топката удрила во галеб.

Ујаник видел бели предмет којшто паѓа од воздухот и дури кога се приближила до него, сфатил дека е птица.

„Во тој момент бев во шок. Се чувствував лошо. Бев многу вознемирен, длабоко ме погоди. На крајот на краиштата, и тоа е живо суштество. Во тој момент, водени од заштитен инстинкт да му го спасат животот, тие му укажаа прва помош. Го реанимираа и го оживеаја. Му ставија вода во устата и го вратија галебот. Ова нè усреќи. Тоа беше прекрасен пример за човечност. По натпреварот, галебот се чини дека заздрави, но рекоа дека има проблем со крилјата. Не знам каде е сега галебот. Секако, ако дознаам каде е, би сакал да го посетам“, изјави голманот Ујаник.

Галебот, кој беше реанимиран од фудбалерот, потоа беше предаден на медицинскиот персонал покрај теренот. Медицинскиот тим присутен на натпреварот, исто така, му пружил помош на галебот. Судбината на несреќниот галеб, беше предмет на многу шпекулации. Сепак, се дозна дека галебот не преживеал и покрај тоа што бил лекуван. Веста за смртта на галебот ги трогна до солзи оние што ја гледаа снимката. 

Извор: ТРТ Хабер

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ