Со тридневна програма ќе се одбележува една година од трагедијата во Пулс

Тридневна програма организираат Општина Кочани, заедно со Организацискиот одбор составен од Здружението на граѓани „16 Март“, ОО на Црвен крст – Кочани, Црковниот храм „Св. великомаченик Георгиј“, ЈЗУ ОБ Кочани, советници и НУЦК „Бели мугри“, со која сакаат да им се оддаде почит на загинатите во трагедијата во Пулс.

Програмските активности се распоредени во три дена – 14, 15 и 16 март.

На 14 март ќе се одржат православни содржини посветени на упокоените во несреќата – молитвено сеќавање и духовно единство во нивна чест.

Настанот на 15 март е насловен како „Кочани Ви благодари“. Овој ден ќе биде посветен на повредените и на благодарноста кон сите институции, здравствени установи, здруженија, поединци и сите, сите оние што помогнаа младите да преживеат и да закрепнат. Од страна на општината се упатени официјални покани до здравствените установи кои беа огромна поддршка по несреќата, а од општината ги повикаа и повредените деца кои и денес имаат контакт со болниците во кои беа лекувани – самите да ги поканат своите доктори и медицинските крепители.

„Општина Кочани е овде и ќе ги удостои со топол и срдечен прием, ќе им обезбеди сместување и сите потребни почести“, вели градоначалникот Владко Грозданов.

„Планираме поканетите делегации од институциите и здруженијата што дадоа свој придонес да ги одликуваме со статуетки на благодарност, по што настанот ќе продолжи со пригодна културно-уметничка програма – како израз на живот, надеж и заедништво.“ – додава тој.

Содржините на 16 март ќе бидат посветени на достоинствено оддавање почит на починатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Младите што трагично ги загуби Кочани и Македонија, велат од Општина Кочани, ја заслужуваат почитта кон нив да ја искажеме мирно, достоинствено и сплотено – како што доликува на заедница што памети и што се грижи.

Деталите од програмата дополнително и поединечно ќе бидат соопштени.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ