По серијата лажни закани за поставена бомба во основните и средните училишта во Тетово, денеска ваква порака е испратена Тетовскиот универзитет.
Како што јавуваат медиумите на албански јазик, пораката е испратена по електронска пошта, по што реагирала полицијата.
Евакуирани се студентите и персоналот, по што следат проверки од специјалните тимови.
На Тетовскиот универзитет, во сабота, 28 февруари се очекува посетата на албанскиот претседател Бајрам Бегај.






