Во сабота, на 28 февруари, со почеток од 15:05 часот од Паркот на револуцијата во Кочани ќе стартува Маршот за ангелите, протест на семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката Пулс:
„Маршираме со тивка болка, но со силен глас. Маршираме за оние што не се со нас, а присутни се во секој наш здив. Маршираме затоа што им должиме вистинска правда — не половична, не одложена, не премолчена. Ова не е само марш. Ова е чекор за достоинство. Чекор за вистината да не биде скриена. Чекор за правдата да не остане недостапна. Вашето присуство е сила. Поддршка. Обврска кон нашите ангели. Да покажеме дека болката не нè скршила — туку нè обединила во борбата за она што им следува.“ – велат од семејствата на загинатите во повикот за Маршот.





