Германските власти покренаа постапка против родители кои со лажни боледувања за децата патувале за Охрид и Скопје

Германската граничната полиција на аеродромот Меминген само во еден ден фати 21 дете, кои наместо на училиште со родителите патувале во странство, иако завршиле празниците во Баварија. Полицијата спровела влезни проверки по пристигнувањето на авионите и утврдила дека овие родители не ги однеле своите деца на училиште, туку незаконски го продолжиле отсуството.

Родителите со децата биле на одмор или во посета на повеќе дестинации во Европа. Според полицијата, тие пристигнале на аеродромот Меминген со летови од Охрид и Скопје, Приштина (Косово), Букурешт (Романија), Лондон Станстед (Велика Британија), Сараево (Босна), Ниш (Србија), Белград (Србија) и Тирана (Албанија).

Во училиштата родителите пријавиле дека нивните се отсутни поради болест. Службениците успеале да докажат дека повратните летови на децата за Германија биле резервирани однапред.

Во еден случај, граничните службеници утврдија и дека уверението за ослободување од училиште што го приложиле родителите било фалсификувано. Во овој случај, граничните службеници покренале истрага за фалсификување документи. Против сите родители/старатели се покренати административни прекршочни постапки, за кои се предвидени парични казни, за што се информирани и училишта.

Германските мидиуми пишуваат дека граничната полиција на аеродромот Меминген постојано ги фаќа дрските родители кои се обидуваат да патуваат со своите деца надвор од училишните распусти. Ова особено важи за периодот непосредно пред и по училишните распусти во Баварија и Баден-Виртемберг.

Според баварските училишни прописи „доколку ученикот е спречен да посетува настава или други задолжителни училишни настани од убедливи причини, училиштето мора веднаш да биде известено, наведувајќи ја причината.“ Понатаму се наведува: „Во оправдани исклучителни случаи, учениците можат, по писмено барање, да бидат ослободени од часови по поединечни предмети или отсуството да им биде одобрено од училиштето.“

Според баварските училишта, се прифаќаат како оправдани отсуство на ученик при религиозни причини или други пригоди, туку и важни лични причини како што се свадби, годишнини и смртни случаи во семејството. Понатаму, селење, итни состаноци со властите или сериозна болест на член на семејството што живее во истото домаќинство, исто така, се квалификуваат.

Извор: schwaebische.de

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ