Мицкоски најави присуство на комеморативните настани за годишнината од Пулс во Кочани и Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Штип, на прашање на Канал 77, одговори дека планира да присуствува на повеќе комеморативни настани поврзани со годишнината од трагедијата во Кочани:

„И во Кочани и во Скопје, знам дека вчера за време на пратеничките прашања, ме информираа пратениците дека ќе има и комеморативна седница. Со луѓето од мојот кабинет ќе организираме настан, на кој што ќе поканиме дел од медицинските екипи кои што помагаа, кои што ќе бидат тука. Ние како Влада обезбедуваме транспорт, смештај, еден вид конференција, комеморативна седница ме информираше градоначалникот дека ќе има во Кочани, така што на сите овие настани ќе присуствувам, се разбира.“ – изјави Мицкоски.

На 16 март навршува една година од најголемата трагедија во современата македонска историја, во која во пожар во кочанската дискотека Пулс загинаа 63 лица, почина еден возач на итната медицинска помош, тешко повредени беа 157 лица, а 211 завршија со телесни повреди.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ