На 05.03.2026 во 18:16 часот на експресен пат кај с.Спанчево, општина Чешиново- Облешево, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Г.Ј.(51) од с. Саса, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица , кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека Г.Ј. е под дејство на алкохол, односно дека има 2,44 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



