Утре по повод една година од трагедијата во Пулс, во која животот го загубија четворица ученици на штипското средно медицинско училиште СОУ „Јане Сандански“, ќе се одржи комеморација:
„Со неизмерна тага и болка во срцата, Ве известуваме дека ќе се одржи комеморација во чест на нашите прерано заминати ученици Даме, Филип, Драгана, Стефанија…..
Во моменти кога зборовите се премалку, а тагата е голема, заедно ќе се собереме да им оддадеме почит, да се потсетиме на нивната младост, насмевките, соништата и трагата што ја оставија во нашето училиште и во нашите животи.
Комеморацијата ќе се одржи во вторник 10.03.2026 година, во СОУ “Јане Сандански” – Штип, во 14 часот.
Ги покануваме учениците, наставниците, родителите и сите наши пријатели да ни се придружат во овие тешки моменти, за заедно да ја споделиме тагата, но и спомените што засекогаш ќе живеат меѓу нас.“ – велат од колективот на училиштето и учениците.




