Утрово кочанското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ добило лажна дојава за бомба.
Сите ученици и вработени се евакуирани од зградата на училиштето, а екипи на МВР постапиле според протокол за вакви ситуации.
„Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата и останатите активности продолжуваат непречено, согласно вообичаената динамика“ – велат од училиштето.
Повеќе официјални информации од МВР очекуваме наскоро.




