Присуство на „бензодиезепами“ – основната состојка на лековите за смирување е утврдено кај тригодишно дете од Штип, кое со труење било донесено вчера на Детското одделение при Клиничка болница Штип.
Како што соопшти полицијата, на 11.03.2026 во 18:18 часот е пријавено дека на Детското одделение при Клиничка болница Штип во 11.47 часот на детското одделение дошла Н.С.(24) од Штип со нејзиното тригодишно дете, кое било затруено.
-По извршени испитувања е констатирано дека кај детето има присуство на „бензодиезепами“ и ќе биде задржано на опсервација“, соопшти СВР Штип.
За случајот е известен Центарот за социјални работи Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.




