Промена на времето: Од среда утра со минусни температури и снег на повисоките места

Поради спуштање на ладна воздушна маса во следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. УХМР информира дека на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да поминуваат во дожд и снег, а на планините од снег.

Во среда во источните делови ќе дува умерен ветер претежно од јужен правец, а во западните делови од западен правец. Од четврток ветерот ќе го смени правецот во северен. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ